Home Актуелно Меркел: Веројатно 70 отсто од населението ќе се зарази со коронавирус

Меркел: Веројатно 70 отсто од населението ќе се зарази со коронавирус

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека многу е веројатно 70% од населението да се зарази со коронавирусот кој во моментов се шири низ целиот свет.

Таа додаде дека, со оглед дека во моментот нема лек, фокусот треба да биде на забавување на неговото ширење.

„Кога вирусот е тука, а населението нема имунитет и не постои терапија, тогаш 60 до 70% од населението ќе биде заразено“, рече таа на прес-конференција во Берлин. „Процесот треба да се фокусира да не се преоптовари здравствениот систем така што ќе се забави ширењето на вирусот“.

„Се работи да добиеме време“, рече Меркел, пренесе Ројтерс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…