Home Вебкафе Фудбалер од „Серија Ц“ – прв професионален спортист заразен од коронавирус во Италија

Фудбалер од „Серија Ц“ – прв професионален спортист заразен од коронавирус во Италија

22-годишен фудбалер кој настапува за фудбалскиот клуб Пјанезе, во италијанската „Серија Ц“, е заразен со коронавирусот, пренесе „Ла национе“.

Фудбалерот го пропушти натпреварот минатата недела, поради температура и општата слабост. После тоа, тој одлучи да биде во изолација. Тестот за коронавирус покажа позитивен резултат, играчот беше примен во болница и се наоѓа во добра состојба.

За потсетување, Италија е четврта држава во светот по бројот на заразени со коронавирусот. До денес 453 лица се разболеле, а 12 лица починале.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…