На земјоделството му претстојат големи проблеми ако нема реформи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На експертската средба меѓу претставниците на повеќе универзитети и институции од Македонија посветена на недостатоците на земјоделскиот сектор беше донесен заклучок дека земјоделието ќе се соочува со големи проблеми ако нема реформи во овој ресор.

Ситни парцели по два хектара, непочитување на договорите меѓу откупувачите и производителите, како и минимален ефект од земјоделските задруги се клучните слабост на домашниот пазар на земјоделски производи.

Според експерите, земјоделските призводи од Македонија се соочуват со силна конкуренција од останатите земји и со слаб извозен потенцијал. Неопходно е државата да споведува реформи ако сакаме да бидеме во тек со развиените пазари.

„Во одредени околни држави сè повеќе се развива одредено земјоделско производство коешто е слично на нашето производство и сè повеќе и повеќе ќе бидат на удар нашите производители од сериозна конкуренстност. Сериозни капацитети се градат во овие држави, а компаративните предности кој доѓаат од природните услови во производство им даваат можност да дојдат побрзо на пазарот и со помали трошоци ги донесат производите“, рече Драги Димитриевски- професор на факултет на земјоделски науки.