Пролетен четврток на крај од јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес, четврток, 28 јануари, во Македонија ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, а во некои котилини ќе има и појава на утринска магла.

Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите на запад ќе ги има повремено и преку ноќта.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 10 Целзиусови степени, Маврово 3, Охрид 9, Битола 11, Крива Паланка 7, Берово 8, Кавадарци 13, Дојран 15 степени.

Прогнозата за утре е претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а попладне и во ноќните часови ќе преминат во снег и во некои пониски места особено на северот. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 3 до 14 степени.