Home Актуелно Еве кои телевизии беа најгледани во 2019 во Македонија

Еве кои телевизии беа најгледани во 2019 во Македонија

Според статистичките податоци од Годишниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, најгледани телевизиски канали меѓу македонските граѓани биле Сител, Канал 5 и Телма, пренесува Опсерваторија на медиумски реформи.

Дури 32,1 отсто од испитаниците одговориле дека на телевизија лани гледале вести, додека 21 отсто од нив ги следеле информативните програми на каналите. Трета најгледана содржина на телевизиите е забавната и/или музичка програма, за која 12,4 отсто од анкетираните лица рекле дека ја следат.

На прашањето „Кои домашни и странски канали ТВ канали ги гледавте вчера?“, 38,62 отсто од испитаниците одговориле дека ја гледаат телевизија „Сител“. Втората најгледана телевизија во 2019 година била „Канал 5“, која во просек лани ја гледале 31,62 отсто од анкетираните. По нив, на листата на најгледани телевизии за 2019 година следуваат „Телма“ со 15,12 отсто, „Алсат-М“ со 14,02 отсто, „24 Вести“ со 12,50 отсто, „Алфа“ со 12,07 отсто и „МТВ 1“ со „11,78“.

Слични истражувачки податоци за четирите квартали од 2019 година се добиени и на барањето да се набројат сите домашни и странски телевизиски канали што ги гледале граѓаните во текот на минатата седмица. „Сител“ е на прва, со 52,78 отсто од испитаниците што одговориле дека ја гледале оваа телевизија во текот на минатата седмица. Втора на листата е „Канал 5“, со 46,39 отсто од анкетираните лица, додека трета е „Телма“ со 23,69 отсто. По нив, на листата следуваат „Алсат – М“ (21,27 отсто), „МТВ 1“ (17,98 отсто), „24 Вести“ (16,79 отсто) и „Алфа“ (16,50 отсто).

И покрај фактот што македонските телевизии се најмногу гледани од граѓаните, анкетното истражување на ААВМУ покажува дека на приемниците лани се гледале и странски канали. Притоа, најголем интерес кај граѓаните имало за следење на каналите „Sport Klub“, „Fox“, „Discovery“ и „National Geographic“.

Истражувањето е направено на репрезентативен примерок на национално ниво, а анкетирањето било извршено со CATI метода – телефонско интервју со помош на компјутер. ААВМУ врши редовни анкети за секој квартал одделно, а еднаш годишно ги сумира и просечните резултати за сите четири квартали.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…