Цените на нафтата на светскиот пазар рипнаа после убиството на иранскиот генерал Солејмани


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Цените на нафтата на светската берза денес пораснаа за над 4% откако беше објавена веста дека САД го убија командантот на иранските воени сили, Касеми Солејмани. Ова убиство предизвика и страв од судири во регионот.

Во Лондон цената на сировата нафта Брент од Северното море скокна за 4,4% и сега изнесува 69,16 долари за барел.

Солејмани беше убиен во напад извршен со помош на дронови рано утрово, на меѓународниот аеродром во Багдад.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави порака на Твитер со знамето од САД, за Пентагон подоцна да потврди дека Трамп ја наредил ликвидацијата на Солејмани.

Врховниот ирански лидер ајатолах Али Хаменеи предупреди на „тешка одмазда за криминалците кои си ги окрвавија рацете“, додека шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф нападот го нарече „опасна ескалација“.