Во напад на багдадскиот аеродром убиен вториот најмоќен човек во Иран


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, во напад на багдадскиот аеродром од страна на американски воени дронови, денес во раните утрински часови убиен е  иранскиот генерал Касем Солејмани. Ова ги придвижува САД и Иран на раб на војна.

Генералот Солејмани кој ги водел иранските воени операции во Ирак и Сирија загинал додека локалните сојузници го возеле од аеродромот кон Багдад. Во нападот со дронови на американската војска исто така е убиен и заменик шефот на ПМУ Абу Мајхди ал Мухадес, близок соработник на Солејмани кој важеше за вториот најмоќен човек во Иран.

„Генерал Солејмани активно ги развивал плановите за напади на американските дипломати и припадници на службите во Ирак и поширокиот регион. Овој удар имал за цел да ги прекине иранските планови за напад. САД ќе продолжат да ги превземаат сите неопходни мерки за да го заштитат нашиот народ и нашите интереси, каде било и да се наоѓаат во светот, стои во соопштението на Пентагон издадено по нападот.

Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, го нарече денешниот американски напад во Багдад „акт на меѓународен тероризам“, објавувајќи дека САД „ја сносат одговорноста за сите последици од својот одметнат авантуризам“.

„Ова е исклучително опасна и луда ескалација“, изјави шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф.

„Ова за нас претставува воен чин и првиот одговор на Техеран ќе биде напад“, ѝ изјави по нападот неименуван ирански функционер на репортерката на Њујорк тајмс Фарназ Фасихи, иранско-американска новинарка која долга низа години пишува за Иран.

Од 1998 генералот Касем Солејмани ја водеше иранската елитна единица на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) која се бави со тајни операции во странство.

Соединетите Држави ја сметаат Иранската револуционерна гарда за терористичка организација која е одговорна за смртта на стотина американски или сојузнички војници и функционери. Пентагон верува дека Солејмани во последните месеци учествувал во организација на повеќе напади на коалициски бази во Ирак, вклучувајќи го и тој на 27 декември во кој загина американски и ирачки персонал.

Иако за Американците Касем Солејмани беше клучен противник на нивните сојузници, треба да се спомне неговата и улогата на Иран во борбата против ИСИС.

Додека американските сили и локалните сојузници се бореа против ИСИС против ИСИС во Сирија и Ирак, иранските сили ги туркаа назад во Ирак. Солејмани често ја водеше таа борба на фронтот. Единицата на Солејмани ги советуваше силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад и вооружи илјадници шиити, а во Ирак г поддржа шиитските паравоени сили кои помагаа во борбата против ИСИС, пишува Би-би-си.

По учеството во борбата против Исламска држава, генералот Солејмани стана славна и почитувана личност во Иран.

Абу Махди ал Мухандис беше заменик лидер на Ирачките народни мобилизациски сили (ПМФ). ПМФ е шиитска паравоена сила која се состои од поранешна полиција блиска на Техеран.

Според ирачкиот закон од 2016 година, ПМФ е карактеризиран како независна воена сила која му одговара директно на премиерот.

Генералот Солејмани се наоѓал во автомобил во просторот на багдадскиот аеродром, придружуван од локални милиции поддржани од Иран, кога бил погоден во американскиот воздушен напад, објави Пентагон.

Американските медиуми известија дека генералот Солејмани и припадниците на проиранските милиции го напушале аеродромот во два автомобили кога биле погодени од американскиот дрон.

Генералот наводно пристигнал од Либан или Сирија. Неколку проектили го погодиле конвојот и загинале најмалку пет луѓе.

Во изјавата на Пентагон се вели: „По наредба на претседателот, американската војска презема решителна одбранбена акција за со убиството на Касем Солејмани да го заштити американскиот персонал во странство.

Целта на нападот е да се одврати Иран од планирање понатамошни напади. САД ќе продолжат да ги преземаат сите потребни акции за да ги заштитат своите луѓе и интереси низ светот“.

Нападот со дрон се случи неколку дена откако демонстранти ја нападнаа американската амбасада во Багдад, судирајќи се со американски сили.

Пентагон тврди дека генералот Солејмани ги одобрил нападите на амбасадата.