Очајна заработка на кинескиот пазар: Зошто Кинезите не го сакаат „Star Wars“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Додека обожавателите на „Star Wars“ ширум цел свет со денови чекаа во редови за премиерното прикажување на „Star Wars: The Rise of Skywalker“, во рамки на 42 години временски долгиот серијал, во Кина ситуацијата и сликата се сосема поинакви.

На тој огромен пазар филмот досега го изгледале „една рака луѓе“ (во контекст на бројноста на кинеското население). На петочното прикажување, „Star Wars: The Rise of Skywalker“ заработи 12 милиони јуани (1,7 милиони долари). Чисто за споредба, новиот кинески филмски криминалистички хит во првиот ден од прикажувањето заработи 218 милиони јуани.

Чен Тао е еден од ретките страсни и посветени обожаватели на Star Wars во Кина. Но, тој станал обожавател на овој филмски серијал сосема случајно, дури откако за оваа франшиза го заинтересирала однапред инсталираната видео игра на неговиот компјутер.

Чен денес ја води една од побројните интернет групи и заедници на почитувачи на „Star Wars“ со над 30.000 следбеници. Тој „Star Wars“ ги обожава поради богатите детали преку кои обожавателите можат да ги поврзуваат филмовите, книгите и игрите.

„Тоа е како една голема сложувалка, за мене многу магично. Ја поттикнува желбата да се истражува вселената“.

Но, такви обожаватели на „Star Wars“, како Чен, во Кина ги има многу малку. Минатото продолжение од оваа франшиза, „Star Wars: The Last Jedi“ во 2018 година во Кина беше на 47. место според гледаноста.

Апсолутно најуспешен американски филм на кинескиот пазар беше Марвеловиот „Avengers: Endgame“, кој според гледаност во Кина се пласираше на шестото место.

Останува нејасно зошто оваа франшиза бележи такви очајни бројки и интерес кај Кинезите.