Парична казна од по 2.000 евра за адвокатите од ТНТ за обид да се одолговлекува процесот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После вчерашното 13-часовно судење за случајот „ТНТ“ во врска со рушењето на станбениот комплекс „Космос“ од Фијат Цаноски, денес во судот се појавија обвинетите – бившиот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и бившиот градоначалник на општина Гази Баба, Тони трајковски. Но дел од адвокатскиот тим не се појави во судот.

Тројца адвокати кои бранат четворица, од вкупно седум обвинети во предметот денеска не можеле да дојдат и добија казни, пренесува Фокус.

На почетокот на рочиштето, Трајковски го извести судот дека синоќа, по завршувањето на рочиштето кое траеше десет часа и заврши околу 20 часот, му го откажал полномошното на неговиот адвокат, Боро Тасевски.

– Го откажав полномошното затоа што не бев предупреден дека за помалку од 13 часа ќе треба да ја дадам својата одбрана и затоа што немав можност да ја подготвам одбраната во овој краток временски период, рече Трајковски.

За нов адвокат го избрал Јовица Страшевски, но новиот адвокат не можел да дојде денеска бидејќи бил во Бугарија.

Без адвокат дојдоа и две обвинети кои ги застапува адвокатот Дончо Наков кој морал да оди на судење во Куманово. Во судница не дојде и адвокатот Мерџан Адути кој бил во Србија.

Судијата Огнен Ставрев недоаѓањето на адвокатите го нарече обид за одолговлекување на постапката и ги казни тројцата адвокати со по 2.000 евра и порача дека ќе ги пријави во адвокатската комора.

Иако поранешниот премиер, Никола Груевски кој е првообвинет ,е во бегство, неговиот адвокат по службена должност беше присутен.

Судењето за овој случај е при крај и по одбраната на обвинетите треба да има пресуда.