Home Актуелно Уапсен битолчанец кој лажирал свое киднапирање за да изнуди пари од родителите

Уапсен битолчанец кој лажирал свое киднапирање за да изнуди пари од родителите

На 15 декември, во вечерните часови, полициски екипи од Скопје и Битола, во организирана акција го уапсија 29-годишниот битолчанец кој е осомничен дека е вмешан во фингирано извршување кривични дела грабнување и изнуда.

Како што информираат од МВР, на 14 декември таткото на 29-годишникот во битолската полиција пријавил дека неговиот син бил киднапиран и дека грабнувачите бараат пари за негово ослободување.

Полицијата веднаш презела мерки и го расчистила случајот, при што утврдила дека станува збор за исцениран настан, во кој, покрај 29-годишниот битолчанец, биле вмешани уште неколку лица, со кои тој претходно се договорил да изнудат пари од неговите родители.

Битолчанецот и од претходно ѝ е познат на полицијата бидејќи бил пријавуван за кривични дела, издржувал затворска казна, а имал и долгови кон повеќе лица.

Тој бил приведен додека влегувал во автомобилот „Алфа Ромео“, сопственост на татко му, за кое тврдел дека со него е грабнат, а кај него биле и дел од означените пари што биле предвидени за негов наводен откуп.

По документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава до битолското Основно јавно обвинителство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…