Home Актуелно Облачна и повремено дождлива среда

Облачна и повремено дождлива среда

Денеска во Македонија ќе имаме претежно облачно време со врнежи од дожд и со повремено засилен југоисточен ветер. Врнежите од изутрина ќе се придвижуваат кон исток каде што ќе се пообилни и ќе завршуваат.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 17 Целзиусови степени, Маврово 11, Охрид 15, Битола и Крива Паланка 16, Кавадарци 18, Берово 12, Дојран 19 степени.

Прогнозата за утре е променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд. Наутро со услови за појава на магла по котлините. Дневните температури ќе бидат во Скопје 18, Маврово 10, Охрид 15, Битола 16, Кавадарци 19, Крива Паланка 17, Берово 14, Дојран 20.

Од петок се очекува сончево време со мала до умерена облачност и дневни темеператури од 16 до 21 степен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…