Home Актуелно „Бизнис раст со е-трговија“: Скопје домаќин на Втората годишна конференција за е-трговија

„Бизнис раст со е-трговија“: Скопје домаќин на Втората годишна конференција за е-трговија

Скопје денеска ќе биде домаќин на Втората годишна конференција за е-трговија која оваа година се организира под мотото „Бизнис раст со е-трговија“, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

На конференцијата се предвидени предавања, панел дискусии на кои истакнати меѓународни и домашни говорници ќе ги пренесат своите експертизи и искуства во областа на е-трговијата.

– Водејќи се од предизвиците на учесниците на пазарот на е-трговија, оваа година решивме во фокусот на конференцијата да биде растот на бизнисот кој може да се забрза со правилно водење на е-трговијата, како еден од најзначајните канали за продажба. Главниот акцент ќе биде ставен на интернет купувачот и на модерните маркетинг алатки. Е-трговијата е голем двигател на растот на бизнисот и често ги надминува очекувањата на менаџерите, но единствено со нејзино правилно менаџирање, изјавуваат од Асоцијацијата.

Според организаторите, предвидено е обраќање на министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

На конференцијата ќе говорат еминентните Скот Рафер и Кендас Бисек – истакнати ветерани во дигиталната економија и социјалните медиуми, а своето присуство меѓу останатите го потврдија и Чарлс Валтон – сениор заменик претседател во Мастеркард, Вања Манова – менаџер на Мастеркард за Македонија и Бугарија, како и Горјан Јовановски – технички лидер од Booking.com, соопшти Асоцијацијата.

Асоцијацијата додава дека минатата година на конференцијата имало 400 учесници од 150 компании, организации, универзитети и владини институции, а свои презентации имаа 30 говорници од осум земји.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…