Home Актуелно Сончев и топол четврток со летни температури среде октомври

Сончев и топол четврток со летни температури среде октомври

И денес, четврток, 17 октомври, во Македонија времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а дневната од 23 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 28 степени. Во Маврово дневната температура ќе достигне до 22 степен, Охрид 23, Битола 27, Кавадарци 29, Крива Паланка 26, Берово 25, Дојран 30 степени.

Продолжува периодот на топло време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Утре и задутре на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд.

Утре дневните температури ќе бидат од 20 до 29 степени. За време на викендов максималните дневни температури ќе бидат од 21 до 30 степени, а утринските од 2 до 12 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…