Home Актуелно Заев на средби со Хан, Туск и Сасоли во Брисел

Заев на средби со Хан, Туск и Сасоли во Брисел

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел, каде ќе оствари средби со Јоханес Хан, Доналд Туск и Давид Марија Сасоли, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, попладне ќе остварат средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Заев потоа ќе има средба со претседателот на Европскиот парламент, Давид Марија Сасоли и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Во текот на утрешниот ден, премиерот Заев ќе оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија, Франс Тимерманс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…