Home Актуелно Кривична за прилепската државна правобранителка

Кривична за прилепската државна правобранителка

Од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп против 53-годишната В.Ј., државна правобранителка од Прилеп, беше поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 01.11.2018 пријавената, како државен правобранител-Прилеп, спротивно на Законот за државно правобранителство и Законот за стечај, преку Основен суд Прилеп, во врска со пресуда на Апелациониот суд во Битола од 10.09.2018, поднела барање за ревизија на парични побарувања во име на тужителот Министерство за финансии – Управа за јавни приходи – Регионална дирекција Прилеп, од тужената страна, со што го пропуштила предвидениот законски рок за поднесување на наведеното барање.

По ова, Врховниот суд го отфрлил ваквото барање како ненавремено, а на тужителот му наложил да ги надомести трошоците од 41.418 денари за водење на постапката. Со ова, пријавената нанела штета на Буџетот на Р. С. Македонија од 41.418 денари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…