Home Актуелно Владата денес со ново задолжување од високи 61,7 милиони евра

Владата денес со ново задолжување од високи 61,7 милиони евра

Владата денес ќе прави ново задолжување во висина од 61,7 милиони евра преку аукција на државни хартии од вредност објавена на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија со вредност во износ од 3.800.000.000 денари.

Наспроти нејзините ветувања дека ќе ги намали задолжувањата, Владата континуирано ги зголемува, велат економистите. На ова алармира и експертската домашна и странска јавност која предупредува и на јавниот долг кој ја надмина психолошката граница и достигна над 50 отсто од БДП.

Инаку, вкупното задолжување на Владата само за првите 5 месеци од годината изнесува огромни 287,4 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…