Home Актуелно Трагедија: Загина Македонец на Олимп

Трагедија: Загина Македонец на Олимп

Македонски планинар го загуби животот на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија, веројатно затоа што претходно му се слошило.

Како што јавува дописничката на МИА од Атина, станува збор за група од околу девет лица од нашата земја, кои планинареле на Олимп, на мажот или му се слошило или добил срцев удар по што паднал во провалија, а обдукцијата дополнително ќе ги утврди точните причини за смртта.

Телото од провалијата, најверојатно го извлекле планинарите кои биле заедно со него.

Во пренесувањето на телото од местото на несреќата во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“, што се наоѓа на надморска височина од 2.100 метри интервенирале 14 пожарникари припадници и на специјалната спасувачка единица и на противпожарната служба од Литохоро.ол

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…