Home Актуелно Променливо облачно со дожд, грмежи и ветер до петок

Променливо облачно со дожд, грмежи и ветер до петок

Променливо облачно време со локални врнежи од дожд ќе преовладува денеска во земјава. Наместа ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер главно во западните и југозападните делови.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 10 до 19, а дневната од 26 до 33 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи и ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 31 степени.

Синоптичарите за утре најавуваат изолирана појава на краткотраен пороен дожд, а веќе од петок ќе биде стабилно и суво со умерен до засилен ветер од северен правец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…