Home Актуелно Заев: Суштинското прашање е дали „бомбите“ ќе се користат како доказ или не

Заев: Суштинското прашање е дали „бомбите“ ќе се користат како доказ или не

Суштинско прашање за Законот за јавното обвинителство не е постапувањето по предметите на СЈО по 30 јуни 2017 година, туку дали „бомбите“ ќе се користат како доказ или не, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Премиерот вели дека кривично дело за коешто постојат индиции и аргументи дека било сторено не може да не се гони, бидејќи насекаде во светoт е така, пренесува „Макфакс“.

„Ако не го гони СЈО, ќе го гони друго обвинителство. Надлежен орган за тоа е јавнообвинителскиот систем во државата и тука нема дали Заев, Мицкоски, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ нешто сакаат или не сакаат“, рече Заев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…