Home Актуелно Болките биле пресилни: Марко го прекина маратонот!

Болките биле пресилни: Марко го прекина маратонот!

Малиот херој од Охрид сепак ќе почека за да го оствари својот подвиг од 64 километри: Охрид – Св.Наум – Струга – Охрид.

Марко синоќа после поминати четири часа и 49 минути го прекина маратонот поради болките во ногата кои после поминати 12 километри станале неиздржливи. Езерото Марко го напушти кај познатата плажа „Градиште“.

Обидот на Марко кој има претрпено инфаркт на коската во долните екстремитети беше да исплива 64 километри, во знак на поддршка на лицата со ретки болести.

Марко може повеќе и тоа е сигурно затоа што минатата година за девет часа го препрлива охридското езеро и помина 30 километри.

https://www.facebook.com/MarkoPejchinovskiOfficial/videos/739286759858511/

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…