Home Актуелно Од денес граѓаните ќе можат да си проверат колку пари ќе добијат назад од „Мој ДДВ“

Од денес граѓаните ќе можат да си проверат колку пари ќе добијат назад од „Мој ДДВ“

Од денес апликацијата „МојДДВ“ за граѓаните е достапна на македонски, албански и англиски јазик, а со тоа и можноста да се има увид во износот за поврат на 15 отсто од ДДВ.

Граѓаните ќе можат и да ги бришат оние фискални сметки кои веќе ги скенирале по грешка, со што ќе се овозможи да се надмине опасноста од пишување казни од Управата за јавни приходи (УЈП) за оние фискални сметки кои е недозволено да се скенираат.

Од УЈП информираат дека веб апликацијата „Мој ДДВ“ може да се презеде на линкот којшто е поставен на нивната официјална веб – страница https://mojddv.ujp.gov.mk/.

Од УЈП ги повикуваат граѓаните кои досега на своите паметни телефони не ја презеле апликацијата „МојДДВ“ преку Google play store и Apple store, да го направат тоа и да ги скенираат фискалните сметки со цел да остварат право на поврат од 15 отсто од ДДВ, како и да ги користат услугите коишто ги нуди веб – апликацијата „МојДДВ“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…