Home Актуелно ОЈО: Објавувањето на документи од истрагата за „Рекет“ е кривично дело

ОЈО: Објавувањето на документи од истрагата за „Рекет“ е кривично дело

Откако порталот Инфомакс објави документи со сведочењето на Орце Камчев, со свое соопштение се огласија од Основното јавно обвинителство, од каде што велат дека објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за предметот „Рекет“ е кривично дело. Од Обвинителството додаваат дека таквите постапки, освен што претставуваат моментална сензација, не придонесуваат во остварување на каква и да е друга цел.

Обвинителството нема да ги коментира информациите изнесени во јавноста, но ќе потенцира дека откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело. Со протекување на ваков вид документи се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапката – посочуваат од ОЈО.

Од Обвинителството нагласуваат дека ќе преземат дејствија за утврдување на фактите како овие документи се протечени во јавноста и ќе бара одговорност од сторителите.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и укажува на јавноста дека ваквите неодговорни извори на информации и медиуми со ограничена цел, нема да влијаат врз решеноста на обвинителството овој случај да добие комплетна завршница. Дотолку повеќе што зад исходот на овој предмет стои посветеноста и енергијата на севкупното обвинителство решено да го оправда своето име и да и застане на патот на корупцијата – се наведува во нивното соопштение.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…