Home Актуелно Не издржаа ни еден ден: Инфо-таблите на спомениците извадени, демолирани

Не издржаа ни еден ден: Инфо-таблите на спомениците извадени, демолирани

Новиот инфо-табли кои беа поставени на дел од спомениците во центарот на Скопје со ликови од античката историја, како „Воинот на коњ“ (Александар Македонски), Олимпија и Филип Втори, не издржаа ниту еден ден на своите места. Некои демолирани, други целосно отстранети од засега непознати сторители.

Таблите на спомениците во центарот на Скопје, кои беа поставени вчера, а кои го акцентираат хеленското потекло на претставните херои, согласно Договорот од Преспа. Таблата на Воинот на коњ утринава осамна демолирана, додека таа поставена на споменикот на Филип Втори воопшто ја нема.

На плоштадот „Карпошово востание“ е оштетена и ознаката која беше поставена на споменикот на Олимпија.

Овие табли содржеа текст кој појаснува дека претставените личности припаѓаат на атничката хеленска историја и култура, што за дел од јавноста е откажување од дел од македонската историја.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…