Home Вебкафе Го паркираше скапото Ферари, ја отвори вратата и тогаш налета Мазда (видео)

Го паркираше скапото Ферари, ја отвори вратата и тогаш налета Мазда (видео)

Газдата на луксузниот модел на Ферари од Романија цел живот ќе го памети ова паркирање и излегување од неговиот скапоцен спортски миленик.

Сопственикот на Ферари 458 Италиа внимателно маневрираше по градските тесни улици на Букурешт, а потоа си најде соодветно место за паркирање на неговиот црвен болид. Но, кога го паркираше скапиот спортски автомобил, без да погледне дали е безбедно, ја отворил вратата да излезе и тогаш одзади налетала Мазда 6.

За само една секунда , новото Ферари ја загубило вратата , а за тоа виновникот е неговиот возач.

За да биде незгодата уште потрагична, според изгледот на болидот, станува збор за поскапата верзија на Ферари 458, моделот Челинџ.

Сега предизвик на сопственикот ќе му биде да ја поправи вратата и скапите поправки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да се преживее секојдневниот хаос: мини водич за деновите кога сè оди наопаку (ама ние сè уште истрајуваме)

ДА ГО ПРЕЖИВЕЕШ СЕКОЈДНЕВНИОТ ХАОС: МИНИ ВОДИЧ ЗА ОНИЕ ДЕНОВИ КОГА Сѐ ОДИ ПО НАГОРНИЦА (АМ…