Home Актуелно Која беда: Во НП „Маврово“ украдени камери со кои се следеле рисот и другите животни

Која беда: Во НП „Маврово“ украдени камери со кои се следеле рисот и другите животни

Непознати сторители во Националниот парк „Маврово“ украле две видео камери со кои се следи движењето на животните и рисот во рамки на територијата на паркот. Според СВР Тетово кражбата вчера ја пријавил член на ренџерската служба.

Според пријавата во периодот од 29 март до 28 мај годинава засега непознати сторители одзеле две видео камери, кои биле поставени во атарот на село Требиште, во месноста „Солиште“. Одземените камери, сопственост на НП „Маврово“, се користеле во рамките на проектот „Заштита на балканскиот рис“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…