Home Шоубизнис Враќањето на Мајли Сајрус

Враќањето на Мајли Сајрус

Наскоро ќе започне прикажувањето на петтата сезона од научно-фантастичната антологиска серија Black Mirror, во која ќе се појави и Мајли Сајрус со свое враќање на глумата, и тоа ни помалку, ни повеќе, туку во улогата на Хана Монтана.

Black Mirror е серија на авторот Чарли Брукер, која го следи општеството, особено во однос на неочекуваните ефекти од новите технологии и нивното влијание на меѓучовечките односи и општествениот поредок.

Според информациите кои се појавија, а и како што е прикажано на трејлерот од Нетфликс, епизодата во која ќе глуми Мајли го следи животот на бившата тинејџерска музичка ѕвезда.

Славната пејачка и актерка вели дека епизодата во која глуми совршено ги прикажува сите проблеми со кои секојдневно се соочуваат жените во музичката индустрија. Продуцентите велат дека и самата Мајли учествувала во пишувањето на сценариото и создавањето на ликовите за оваа епизода.

Black Mirror за кратко време стекна голема популарност. Таа, всушност, е колаж од кратки филмови од различни режисери во траење од по 40-60 минути, поврзано само со основната тема. Секоја епизода е сместена во друга средина и следи различни ликови.

Првата епизода од петтата сезона на Black Mirror на Нетфликс стигнува на 5 јуни оваа година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Пресли Гербер снимен во дом за рехабилитација пред смртта

Пресли Гербер наводно снимил видео додека престојувал во дом за рехабилитација, откривајќи…