Home Актуелно Фејсбук статус на Ременски за чистката од Заев во врвот на СДСМ

Фејсбук статус на Ременски за чистката од Заев во врвот на СДСМ

Поранешната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски, која си поднесе оставка од таа партиска функција, се огласи на нејзиниот Фејсбук профил по повод чистката на претседателот на владејачката партија во врвот на партиската структура.

„Мојата битка за слобода, правда, одговорност и еднаквост не започна со политичките или партиските функции, ниту пак ќе заврши без нив! Битката за овие вредности на секој слободољубив и правдољубив човек започнува со самото негово раѓање, затоа што човек таков се раѓа и таков умира!

Ова на социјалната мреже фејсбук го напиша пратеничката Фросина Ременски, која синоќа, на седницата на партискиот централен одбор, заедно со останатите потпретседатели на СДСМ беа разрешени, откако претходно самите си поднеле оставки.

-Предизвикот да се издржи на тој пат, колку и да е тежок и трнлив ја покажува вербата и посветеноста на тие идеи и цели, а не вербата во функциите! Донесените одлуки се донесени, без грам суета, туку одлучно како што личи на луѓе со интегритет и визија за очекувањата!

Доаѓа време за испорака на мотото за кое се боревме и во кое верувавме сите ние, дека: “Одговорност мора да има” и “Никогаш да не се повтори!”.

Му благодарам на претседателот и заменикот претседател на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за довербата. Борбата продолжува!“, напиша Ременски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…