Home Живот и здравје Како наеднаш да испечете четири американски палачинки за две минути

Како наеднаш да испечете четири американски палачинки за две минути

Кога ќе се спомене правење палачинки, повеќето луѓе ги фаќа нервоза поради времето кое треба да го поминат над шпоретот. Но, YouTube корисникот Тео Мајклс открива брз, едноставен и ефикасен начин како да се справите со печењето на палачинките, а да не изгубите многу време и нерви.

На неговиот канал тој покажа дека луѓето можат за само две минути наеднаш да испечат дури четири палачинки и тоа без премногу растурање.

За смесата е потребно:

чаша брашно
чајна лажица шеќер
чајна лажица прашак за печиво
две лажици стопен путер
четири лажици масло
едно јајце
3/4 од чаша млеко

На чинијата најпрвин поставете парче хартија за печење, а на средината од хартијата со супина лажица ставете од подготвената смеса. На истата разлеана смеса ставете ново парче хартија за печење, на кое ќе турите нова тура од смесата. Истото повторете го уште четири пати.

Наместете ја микробрановата печка за печење на околу две и пол минути, со јачина од 800-850 вати. Кога ќе се испечат палачинките, тргнете ја хартијата за печење и додате им ги посакуваните додатоци. Тие ќе бидат спремни за јадење.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Кози-максинг: Може ли еден тренд навистина да ти помогне да го совладаш стресот? Изгледа дека може!

Ако во TikTok пребараш „cozymaxxing“, ќе те пречекаат видеа од луѓе замотани во меко ќебе,…