Home Актуелно Спасовски: Нема трговија со органи во случаите на починатите лица

Спасовски: Нема трговија со органи во случаите на починатите лица

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека трговија со органи не се крие зад случаите со исчезнати, па потоа најдени починати лица. Тој пораче дека нема простор за паника.

-Апелирам до граѓаните на одговорен однос и на одговорен пристап, затоа што најлесно е да седите пред компјутер и да напишете нешто на социјалните мрежи што ќе ги вознемирува дополнително граѓаните на Република Македонија. Вчера прочитав информации за некакви исчезнувања, па наводно потоа биле наоѓани без органи. Апсолутно ги демантирам овие работи и сите овие случаи на исчезнати лица се врши обдукција на нивните тела и извештаите точно се познати. Во ниту еден момент нема простор за паника, изјави министерот Спасовски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…