Кери Бредшо се враќа на сцена и за потребите на Fendi


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Славната холивудска актерка Сара Џесика Паркер, која го отелотвори култниот и фатален лик Кери Бредшо во „Сексот и градот“, повторно ја „оживеа“ оваа улога за рекламните потреби на „Fendi“.

Во рекламата ликот на Кери го промовира редизајнираниот модел на чантичката од Fendi, која прв пат како модел на пазарот беше лансирана во 1997 година.

Интересен факт е тоа што првиот модел на оваа Fendi чантичка, всушност, својата планетарна популарност ја стекна токму преку серијата „Сексот и градот“, односно преку ликот Бредшо.