Home Актуелно Грчкиот парламент вечер, на полноќ ќе гласа за ратификација на Преспанскиот договор

Грчкиот парламент вечер, на полноќ ќе гласа за ратификација на Преспанскиот договор

Грчките пратеници вечерва, доцна во ноќта, ќе гласаат за ратификација на Преспанскиот договор со што ќе биде заокружена собраниската дискусија и дебата за ова во моментов клучно прашање кое во иста мера ја тангира и Македонија. Според грчки „Катимерини“, се очекува владата на Ципрас да го обезбеди потребното мнозинство на позитивни гласови за ратификација на договорот од Нивици.

Според весникот, се очекува тензиите да кулминираат кога пред пратениците ќе се обратат премиерот на Грција, Алексис Ципрас и лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис.

Претходно се стравуваше дека дебатата ќе се развлече до раните утрински часови в петок бидејќи десетици пратеници се јавија за збор. Сепак, претседателот на парламентот, Никос Вуцис, вчера истакна дека гласањето ќе се одвива вечерва според закажаното.

Истовремено, попладнево закажани се протести во Атина против договорот. Организаторите на протестите претходно го повикаа грчкиот народ денеска да не оди на работа, а камбаните да бијат во знак на жалост.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…