Home Актуелно Ахмети контра Заев – тврди дека до Венецијанска комисија не е испратен целиот Закон за јазици

Ахмети контра Заев – тврди дека до Венецијанска комисија не е испратен целиот Закон за јазици

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека до Венецијанската комисија за проверка се испратени само делови од Законот за јазици за кои се договорите со коалициониот партнер.

Ова Ахмети го изјави по вчерашните тврдења на Заев дека целиот закон е испратен до Венецијанската комисија.

– Испратен е само делот за кој се договоривме. Тоа се две прашања за кои се договоривме, банкнотите и хартиите од вредност, и аблемите на војската и полоцијата. Јас не знам зошто сето ова се политизира и станува медиумска тема кога е познато дека законот е договорен со коалиционите партнери и е усвоен со потребното мнозинство. Треба да се знае дека за поништување или укинување на еден закон потребно е бадинтерово мнозинство, рече Ахмети.

Извор: Курир

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…