Home Актуелно Сончева среда

Сончева среда

Денес во Македонија времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер кој ќе дува претежно од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до минус 14 степени, а дневната температура ќе се движи од минус еден до осум степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринската температура ќе достигне до минус девет, адневната температура до три степени.

Во петок и за време на викендот ќе има зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и планините, претежно во западните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…