Јован Митревски официјално е нов координатор на пратеничката група на СДСМ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пратеникот Јован Митревски е новиот пратенички координатор на собраниските претставници од СДСМ, откако пратеникот и досегашниот координатор Томислав Тунтев поднесе оставка од пратеничкото место за да биде директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Митревски досега беше заменик координатор заедно со пратеничката Соња Мираковска.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната седница ја констиатираше оставката на Тунтев, а на негово место пратеник во Собранието ќе биде Рубин Земон.