Home Актуелно Едно лице го загуби животот во пожар зад скопски „Рамстор“

Едно лице го загуби животот во пожар зад скопски „Рамстор“

Едно лице почина во пожарот што околу пладне избувна во продавница за мопеди на улицата Јордан Мијалков, зад трговскиот центар „Рамстор“.

Противпожарните екипи интервенирале со осум возила и 22 пожарникари, но и покрај обидите не успеале на време да го извлечат и спасат загинатиот.

Во пожарот полесно повредено е едно лице, кое по интервенција на екипите од брзата помош било пуштено дома.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…