Home Актуелно Приведен возачот кој управувал со превртениот автобус кај Лесковац

Приведен возачот кој управувал со превртениот автобус кај Лесковац

Српската полиција го приведе возачот кој го управуваше македонскиот автобус кој вчера, во трагична сообраќајна несреќа, излета од патот и се преврте во близина на Лесковац, под сомнение за сносење одговорност за трагедијата.

Во несреќата загинаа тројца патници, а 32-ца се повредени.

Автобусот во саботата околу 20 часот тргнал од Прилеп кон Виена. Кога бил во близина на Лесковац, ненадејно излетал од коловозот и се превртел.

Првичните сознанија се дека тој се движел со брзина од околу 100км/час, а на коловозот имало остатоци од снег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…