Home Актуелно Официјално обраќање на претеседателот Иванов во 17 часот

Официјално обраќање на претеседателот Иванов во 17 часот

Денеска во 17 часот претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе има официјално обраќање до граѓаните на Република Македонија, соопштија од неговиот кабинет.

Се претпоставува дека неговото обраќање ќе биде поврзано со наводната вмешаност на кабинетот на претседателот во случувањата на 27 април минатата година во Собранието.

Иванов денеска ги отфрли како небулозни тврдењата дека вечерта на 27 април наводно подготвувал прогласување воена состојба.

Неговите блиски соработници од кабинетот, Синиша Алексовски и Борис Јосифовски, дале изјава во Обвинителството, а Иванов очекува конечно да се расветли кој го смислил сценариото, ораганизирал и за кои потреби.

Посочи дека новата министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, имала време од речиси година и полвина интерно да истражи дали високи претставници на војската биле учесници или дел од оние кои тврдат дека било подготвувано прогласување воена состојба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…