Home Шоубизнис Ужива со кинеските милиони: Хулк се пофали со брендиран авион! (фото)

Ужива со кинеските милиони: Хулк се пофали со брендиран авион! (фото)

Бразилскиот напаѓач Хулк својата афирмација ја стекна во Порто каде стана мета на сите европски гиганти.

Хулк важеше за еден од најдобрите напаѓачи во Европа, но во 2016 година одлучи да се пресели во Кина, каде заработува вистинско богатство.

Бразилецот потпиша договор со Шангај СИПГ според кој заработува неверојатни 400.000 евра неделно, а целосниот договор е тежок 50 милиони евра.

Секако, тој може да си дозволи голем луксуз, па реши да си купи милионско „милениче“. Имено, тој на Инстаграм се пофали со свој брендиран авион.

Додека другите фудбалери купуваат лускузни автомобили, Хулк си купи авион со кој ќе може многу полесно да се враќа во родниот Бразил.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ќе има ли втора сезона на „Златниот билет на Вонка“? Еве што знаеме за иднината на шоуто на Нетфликс

„Златниот билет на Вонка“ го доби својот прв победник, но дали Нетфликс ќе ги отвори врати…