Home Актуелно Официјална Софија: Груевски нема бугарски пасош

Официјална Софија: Груевски нема бугарски пасош

Откако во медиумите се појавија шпекулации дека Груевски избегал во Унгарија со бугарски пасош, од Министерството за правда на Бугарија соопштиле дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски не е бугарски граѓанин и нема бугарски пасош, пишуваат бугарските медиуми.

– Проверете со бугарските власти – бил одговорот на член на унгарската влада кој има јурисдикција врз прашања поврзани со азилот на Груевски, кога новинарите на „Непшава“ го прашале како успеал поранешниот македонски премиер да стигне до центарот на Будимпешта без документи кои му се одземени од судот во Македонија.

Извор: Лидер

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…