„Дечки, отворајте вратите“: Во суд се читаа Вибер комуникации од крвавиот четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во рамки на судското рочиште за собраниските случувања од 27 април, познат како „крвавиот четврток“, денес во судот се читаа комуникациите во форма на пораки меѓу дел од обвинетите и осомничените за организирање и реализација на крвавите настани.

Групата коуницирала на Вибер, а во неа пратеникот Крсте Мукоски комуницирал со неколку лица, меѓу кои и Миле Јанакиески, Јохан Тарчуловски, Васил Пишев и други лица. Меѓу нив има и телефонски број кој во мобилниот на обвинетиот Мукоски бил мемориран како колешка Чаир. Таа, според вештачењето што го презентира на судењето обвинителката Вилма Рускоска во 18:54 им пишува порака на вибер со содржина: „Отварајте дечки вратите“.

Првата порака од извесна колешка Чаир во групата била пратена на 27 април во 18:14 во која пишува: „Дај боже да влеземе да ги затепаме. Хахахахаха“. Во 18:49 истата личност испраќа порака во вибер групата со содржина: „Влеговмеееееее“. Неколку секунди по ова таа праќа порака да ги отворат предните врати. Лицето колешка Чаир во 18:54 во вибер групата пишува: „Отварајте дечки вратите“. Една минута по ова од истиот број во групата стасува порака со содржина: „Влеговме“, а една минута по ова колешка Чаир пишува: „Влеговмеееееееее“. Во 18:57 таа праќа нова порака повикувајќи: „Ајдеееееееееее“.

Комуникацијата помеѓу Мукоски и Јанакиески почнала во 12:42. Мукоски му пишува на Јанакиески порака со содржина: „Заев се јави процедурално??!!!!“. По помалку од еден час Јанакиески му возвраќа на Мукоски: „Одете по нив, кај и да се движат“. Следната порака Јанакиески на 27 април му ја праќа на Мукоски во 17:59 со содржина: „Свири бе брат“. Дваесет минути по ова Јанакиески му праќа на Мукоски нова вибер порака со содржина : „Алал вера за денес брат“. Шест минути по ова Мукоски му враќа : „Фала ти, мора малку да е тензично надвор, за да се префрли фокусот надвор“. Миле одговара со две „да“.  Мукоски го известува Јанакиески дека камерите се тука и тензично било цело време. Јанакиески му праќа вибер порака на Мукоски во 18:37  со содржина:„Да му застаниш на овој што чита пред него. Пред него застани си“. Мукоски една минута потоа му враќа : „Ќе напраиме проблем, нека почнат тие први“. Јанакиески на ова враќа со порака да се качат во прес-салата каде што е Заев.