Home Актуелно Не му даваат мира: Два нови земјотреси го потресоа Закинтос

Не му даваат мира: Два нови земјотреси го потресоа Закинтос

Вчера рано наутро, грчкиот остров Закинтос повторно беше погоден од два земјотреса со јачина од 4,4 и 5 степени според Рихтер. Грчката геолошка служба не пренесоа за појава на никаква штета.

Земјотресите се забележани со разлика од седум минути, во 5.11 и 5.18 часот, со епицентар на 78 километри јужно од Закинтос на длабочина од 10 километри, односно 59 киломтери југозападно од островот на 7 километри длабочина.

На 26 октомври Закинтос го погоди земјотрес од 6,4 степени и од тогаш до сега имало 21 потрес, од кој најмалиот бил со јачина од 4 степени, а најсилниот 5,5 според Рихтер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…