Home Актуелно Силен земјотрес во Романија, граѓаните во паника

Силен земјотрес во Романија, граѓаните во паника

Силен земјотрес со интензитет од 5,8 степени по Рихтер, рано утрово ја погоди централна и источна Романија, а бил почувствуван и во Украина, Молдавија и Бугарија, соопшти романскиот институт за геофизика, јавува Макфакс.

Потресот се случил во 3.30 часот по локално време, со епицентар во трусно подрачје во округот Вранч, на длабочина од 150 километри, пренесе АП.
Како што се наведува, потресот ги разбудил жителите на Букурешт и другите романски градови, а властите соопштиле дека Брзата помош примила голем број повици од граѓани кои имале напад на паника.

Во областа во близина на земјотресот привремено дошло до прекин на струјата. Сеизмолозите смируваат дека не се очекува дополнителни потреси.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…