Home Вебкафе Што чудо е ова безглаво суштество кое живее на дното од океанот?

Што чудо е ова безглаво суштество кое живее на дното од океанот?

Импресивниот видео запис кој е направен во водите на Јужниот Океан прикажува необично морско суштество за кое подоцна е утврдено дека припаѓа на видот морска краставица „Enypaniates eximia”.

Ова суштество кое многумина ги потсети на „безглаво пиле“ првобитно го доби прекарот „чудовиште“, а забележано е како плива околу брегот на источниот Антарктик, што е прв пат да биде забележан овој вид во оваа подрачје.

„Снимките од камерите ве оставаат без здив, вклучувајќи вид кој никогаш претходно го немаме видено во овој дел од светот“ – изјавил доктор Дирк Велсфорд, од програмата на Австралиската антарктичка дивизија.

Суштеството има облик на буре, додека телото во целост е транспарентно. Најмногу време поминува на дното на океанот.

Морската краставица, претходно е видена само на едно место, во Мексиканскиот залив во 1984 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да бидеш самоуверена жена во секоја прилика

Многу е полесно отколку што мислите! Секогаш кога самоуверена жена ќе влезе во просторија,…