Home Актуелно Дали денес Собранието ќе гласа за предлогот за уставни промени?

Дали денес Собранието ќе гласа за предлогот за уставни промени?

Членовите на актуелниот македонски собраниски состав денеска треба да ја продолжат расправата за потребата од уставните измени, а не се исклучува можноста дискусијата да биде исцрпена и да се пристапи кон гласање, со оглед дека опозициските пратеници претходно ги откажаа дискусиите.

Останува нејасно дали во Собранието ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство, колку што е потребно да се пристапи кон уставните измени како една од обврските од Договорот од Преспа.

– Верник сум, верувам во чуда, па и во двотретинско мнозинство – изјави вчера премиерот Зоран Заев и уште еднаш ги повика пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка на Договорот од Преспа и да ги поддржат уставните измени.

Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека се единствени и дека нема да поддржат промена на Уставот со цел промена на уставното име на државата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…