Home Вебкафе Стравично: Бикот со запалени рогови уби човек во Шпанија (видео)

Стравично: Бикот со запалени рогови уби човек во Шпанија (видео)

За време на фестивалот на кој се одржала манифестацијата „toro embolado“, карактеристична за регионот на Валенсија и Каталонија, на која бикот носи дрвени топки на роговите што горат и така трча по улиците , а минувачите се обидуваат да го избегнат, загина едно лице кое директно беше убиено од убод на бикот.

Бикот од улица на главниот плоштад пристигнал во 1.30 часот и удрил во човек, кој бил свртен со грбот и не забележал дека бикот пристигнал.

Го отфрлил кон заштитната ограда и човекот се запалил од огнот на роговите. Човекот бил префрлен во болница во градто Сагунто, каде им подлегнал на повредите.

Поради несреќата , фестивалот е прекинат и манифестациите поврзани со бикови , кои почнаа на 17 септември , се откажани.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

20 работи за кои ќе жалите кога ќе остарите

Многу луѓе живеат со мотото дека сè се случува со причина и дека нема потреба да се жали з…