Home Шоубизнис Овој е новиот „ѕвер“ во кој се вози Доналд Трамп

Овој е новиот „ѕвер“ во кој се вози Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп завчера пристигна во Њујорк со својот нов безбедносен „ѕвер“, блиндираната лимузина „Кадилак“ која прв пат беше видена во јавност на улиците на Менхетн.

Поточно, случајните минувачи кои се најдоа на местото каде помина Трамп не видоа еден туку два исти моќни автомобили. Според правилата, во едниот се вози претседателот Трамп, а во другиот неговото обезбедување со цел да се збунат можните напаѓачи.

Автомобилот на Трамп ги има сите заштитини системи и се проценува дека тежи од 7 до 9 тони. Тајната служба, од безбедносни причини, го чува автомобилот подалеку од јавноста .

Затоа, се шпекулира дека во автомобилот има вграден систем против пожар, ноќни камери, ласер за солзавец, запечатена вентилација на кабината и посебен систем за одбрана од ракетен напад.

За најлошо сценарио, автомобилот е опремен дури и со крв од крвна група на претседателот, за веднаш да му се даде прва помош.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…