Home Шоубизнис Соул кралицата Арета Френклин се бори за животот во болница во Детроит

Соул кралицата Арета Френклин се бори за животот во болница во Детроит

76-годишната соул пејачката Арета Френклин се наоѓа во критична состојба. Лекарите од детроитската болница се борат за нејзиниот живот кој е во опасност, а нејзиното потесно семејство, според медиумските информации, веќе се подготвува за најлошото, поради не баш оптимистичките лекарски прогнози.

„Кралицата на соулот“, како што е позната Арета во музичките кругови, веќе со години се бори со срцеви заболувања и често се наоѓа под докторска нега.

Арета Френклин настапуваше во живо до минатата година, но во последниот период откажа голем број концерти поради нејзината здравствена состојба, која изгледа дека се влошува од ден на ден. Нејзиниот последен настап беше на 2 ноември 2017 година, кога пееше на фестивалот организиран од страна на фондацијата на Елтон Џон.

„И понатаму ќе продолжам да снимам музика, но оваа година ќе биде последната во која настапувам пред публика“, рече пејачката во февруари оваа година.

Новинарот на NBC Филаделфија, Хари Херстон, тврди дека зборувал со член на нејзиното потесно семејство кој му кажал дека Арета не е во добра здравствена состојба и дека ситуацијата се влошува во секој момент.

Познатата пејачка имаше здравствени проблеми во текот на целиот живот, борејќи се со прекумерна тежина, алкохолизам и зависност од цигари. Во 2011 година се појавија гласини дека таа боледува од рак на панкреасот, но таа тоа го негираше.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…