Home Актуелно Повикува на бојкот: Трамп повторно распали против „Харли Дејвидсон“

Повикува на бојкот: Трамп повторно распали против „Харли Дејвидсон“

Американскиот претседател Доналд Трамп упати нова серија критики и повици за бојкот на една од своите (веќе) редовни „мети“ – американската компанија „Харли Дејвидсон“.

Трамп им порача на купувачите дека треба да го бојкотираат овој производител на мотоцикли, доколу се остварат најавите на компанијата дека дел од своето производство ќе префрли во Европа.

Кон крајот на јуни, производителот на култните мотоцикли објави дека предвидува дел од своето производство наменето за тој пазар да го пресели во Европа.

Одлуката била донесена со цел да се избегне европското зголемување на царините од 6 на 31 проценти за мотоцикли „Харли Дејвидсон“, што следуваше откако администрацијата на Трамп воведе нови царински тарифи на челикот и алуминиумот што се увезуваат во САД.

„Многу сопственици на ‘Харли Дејвидсон’ планираат да ја бојкотираат компанијата ако производството се префрли во странство. Совршено!“, напиша Трамп на Твитер.

„Повеќе други компании доаѓаат кај нас, вклучувајќи ги и конкурентите на Харли“, наведува американскиот претседател.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…