Home Шоубизнис Драма во Србија: Ограбен и киднапиран дедото на сопругата на Новак Ѓоковиќ (фото)

Драма во Србија: Ограбен и киднапиран дедото на сопругата на Новак Ѓоковиќ (фото)

Сопругата на славниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ поминала низ вистинска драма бидејќи изминатата ноќ околу три часот по полноќ бил ограбен и киднапиран нејзиниот дедо.

Како што пренесуваат српските медиуми, на Милослав Радисављевиќ му бил одземен мобилниот телефон и 26.000 динари (околу 13.000 денари), но тоа не било се бидејќи киднаперите подоцна го врзале за метална конструкција во близина на неговиот дом.

Пронајден бил од електричарите кои во тие моменти биле на работа (околу 8 часот наутро). Претседателот на општината Драган Лазаревиќ соопшти дека киднаперите барале два милиони евра за да го ослободат Радисављевиќ.

„Го пронајдовме врзан со лисици за бетонска бандера ви пченка од каде што довикуваше за помош. Подоцна била контактирана неговата ќерка која во овие моменти се наоѓа во Монте
Карло. Таа ни откри дека нејзиниот брат добил пораки во кои се бара два милиони евра за негов откуп“, изјави Лазарвиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …