Home Вебкафе Должина од неверојатни 580 километри: Русија ќе го гради најдолгиот мост на светот

Должина од неверојатни 580 километри: Русија ќе го гради најдолгиот мост на светот

Со декретот кој рускиот претседател Владимир Путин го испрати до руската влада, ќе започне иницијацијата на капиталниот проект за изработка на план за изградба на мегаломански долг мост со кој островот Сахалин ќе се поврзи со копнениот дел на Русија.

„Тоа долго е сон за луѓето кои живеат на островот“, изјави Путин на средбата со претседателот на Сахалин, Олег Кожемиаком.

Според рускиот претседател со изградбата на мостот на жителите на островот ќе им се олесни животот и комуникацијата .

„Ќе можете да доаѓате и заминувате, во било кое време и период од годината“, истакна Путин.

Салахин е единствениот регион во Русија кој е без копнена врска со земјата: Неодамна Крим беше поврзан со мост.

Но, изградбата на овој мост ќе биде многу тешка и скапа, поради тоа што мостот ќе биде долг неверојатни 580 километри со железничка и друга инфраструктура.

Проектот ќе бара изградба на три главни и повеќе од 10 дополнителни распони и ќе чини неколку милијарди долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…